Посакувајќи му добредојде и успешна работа на Григоријан, Шахпаска изрази уверување дека одличната соработка со УНДП ќе продолжи и понатаму, при што се осврна на досегашните заеднички проекти и постигнати цели, како и на она на кое што треба да се работи периодот кој следува.
– Изминатиов период заедно работевме на решавање на многу прашања и предизвици со кои како општество се соочуваме, со фокус на ранливите категории на граѓани. Заедно, работиме на Оперативниот план за активни мерки и програми, кој нуди можности преку разни обуки, стекнување на вештини, преквалификации и доквалификации да им се помогне на граѓаните да станат конкурентни на пазарот на труд, рече министерката Шахпаска.
Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, како заеднички проекти со УНДП, Шахпаска ги посочи и отворањето на РЕХА центарот за поддршка на лицата со попреченост кој е вистински пример како општествената заедница на локално ниво прави децентрализација на локалните услуги и креира политики за овозможување на лицата со попреченост да бидат вклучени на пазарот на трудот, како и Младинскиот ресурсен центар во Гостивар, кој служи како младински хаб за целиот полошки регион и нуди широк спектар на сервиси поврзани со младите и работодавачите.
Григорјан, од своја страна, изрази подготвеност за продолжување на досегашната соработка на заедничките проекти и програми кои ги адресираат потребите и претставуваат решение на предизвиците со кои се соочуваат ранливите категории на граѓани.
Затоа што, како што истакна тој, тоа не е прашање на поединци, туку прашање кое не засега сите и затоа е неопходна заедничка, меѓуинституционална соработка, како и соработка со невладиниот сектор.