Српското Министерство за информации и телекомуникации издаде официјално предупредување. Бараат од српските медиуми да ги отстранат фотографиите и видеата од погребот на жртвите од трагичниот пожар во кочанската дискотека. Министерството ја осуди употребата на овие материјали.
Влада: Осуда за неетичкото известување на странски медиуми за трагедијата во Кочани
Истакнува дека тие ја нарушуваат личната и семејната достојност на загинатите и предизвикуваат дополнителна вознемиреност кај нивните роднини.
„Со таквото дејствување, бројни медиуми го нарушија достоинството на жртвите и нивните семејства. Создаваа вознемиреност не само кај нив, туку и кај целата јавност“, се наведува во соопштението на Министерството.
Во апелот што го упати Министерството, се истакнува дека медиумите треба да се придржуваат до професионалните и етичките стандарди при известувањето. Особено кога станува збор за чувствителни теми кои можат да го зголемат вознемирувањето на јавноста.
Министерството, исто така, ги повика медиумите да бидат посебно внимателни кога известуваат за трагични настани, за да се избегне понатамошна штета и дополнителна болка за семејствата на жртвите.
Извор: Курир