Стабилна е здравствената состојба на девет годишното дете кое синоќа падна од шестиот кат од зградата во скопската населба Кисела Вода. Директорот на Клиниката за детска хирургија Лазо Јовчески вели дека детето е на интензивна нега, има повреди и скршеници на главата, рамото, ребрата и карлицата и дека засега нема потреба од хируршка интревенција.
Несреќниот случај се случил во текот на вчерашниот ден околу 19 часот и 40 минути, кога во МВР било пријавено дека 69 годишна жена и малолетник паднале од зграда, оттаму велат дека жената била најдена почината на самото место, а детето било пренесено со брза помош во Ургентниот центар. Според очевидци прво паднало детето, а потоа бабата. Од МВР засега велат дека станува збор за несреќен случај и се работи на негово расчистување.