Од утре следува период на стабилно и суво време со променлива облачност во текот на денот. Ова го соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи во најновата временска прогноза.

Според метеоролозите, во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Од петок се очекува облачноста постепено да се намали низ целата земја.

За време на претстојниот викенд се очекуваат значително постудени утра. Минималните температури на одделни места ќе се спуштат под нула степени Целзиусови.