Времето во петок ќе биде променливо облачно со сончеви периоди низ целата земја. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Дневните температури ќе се движат во интервал од нула до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, проследено со слаб до умерен ветер што ќе дува од северен правец.
Стабилното време со сончеви периоди ќе се задржи сѐ до недела. За време на претстојниот викенд утринската температура наместа ќе се спушти и под нулата, додека по одделни котлини повторно ќе има појава на утринска магла.
Потоа, сѐ до средината на следната седмица, метеоролозите најавуваат време со променлива облачност во текот на денот и со услови за појава на слаб локален дожд.
