Денеска започнува судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, кој избувна на 16 март годинава и во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Судењето е закажано за 9:30 часот утринава во дигиталната судница во рамки на Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје. Пред судницата присутни се бројни полициски екипи, кои овозможуваат брзо насочување на родителите и новинарите. Според најавите, во текот на денешното и на претстојните рочишта, во близина на судницата ќе има медицински екипи во случај на потреба од интервенција. Дополнително е најавено засилено полициско присуство.

На обвинителната клупа ќе седнат 38 обвинети, односно 35 физички лица и три фирми. Проценките се дека заедно со нивните бранители, бројот на сите странки во постапката ќе достигне околу 67, а присутни ќе бидат и оштетените со нивните адвокати.