Во овој период има 105 смртни случаи од 21 град, што е за 37,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, 2 лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.
Регистрирани сe 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 37,2% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=482; 37,0%), со неделна инциденца – 78,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница.
Процентот на позитивност се движи од 2,5% до 12,2%, просечно 7,5%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, но најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=508, 39,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=227; 17,4%), 50-59 (n=208; 16,0%), 30-39 (n=176; 13,5%) и 20-29 (n=106; 8,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,0%) и 10-19 години (n=53; 4,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%).
Зголемен е бројот на тестирани – вкупно 15.781, што е за 5,4% повеќе во однос на минатата недела и на бројот на оздравени – 4.502 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, или зголемување од 12,2% во споредба со минатата недела.