Стефановски стартуваше од четвртата позиција на дождливата патека, но веднаш изби на лидерската позиција на која остана осум минути пред да биде престигнат од крајниот победник на трката и актуелен шампион Салваторе Тавано.

Зад Тавано, кој попладнево стигна до својата 21 победа во кариерата, се пласираа Анти Бури и Ерик Бригољари, додека Кевин Чекон заврши како четвртопласиран, а Стефановски имаше петто време. Сепак, поради казната од пет секунди за Бури, Финецот од втората се спушти на петтата позиција, овозможувајќи му на Стефановски да се искачи место погоре и да заврши на четвртото место.

Втората трка од новата сезона е на програмата в недела, со почеток во 10:10 часот.