Добро е што има избор на вакцини и тие се различни, не се сите исти, вели Стефчева за ТВ24.

– Добра е одлуката на владата да не се дава вакцината „Астра Зенека“ на лица под 60 години, а причината е дека тромбозата што се случуваше беше кај помладите луѓе. Додека не се дознае нешто повеќе, можеби е најдобро решение да се дава на постарите – вели Стефчева.

Стефчева вели дека има и разлика меѓу вакцините. Секоја вакцина е подобра одошто никаква. Спутник, Астра Зенека и Џонсон и Џонсон се векторски вакцини, каде во вирусот е вметнат протеинот од обвивката на вирусот за ковид и кога тој вирус ќе навлезе во организмот создава антител.а Фајзер и Модерна се т. н. „месенџер рнк“ вакцина, каде рибонуклеинската киселина директно со помош на топчиња влегува во клетките и ги тера да го произведуваат тој протеин што е од обвинката на вирусот и така се создаваат антитела. Кинеските се со цел вирус, не се создава имунитет кон обвивката, туку кон сите други антигенти кои вирусот ги содржи. Но, не сите антитела се добри, има други кои го неутрализираат, а други кои делјствуваат негативни.