Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска изврши увид во градежните работи за целосна реконструкција на дворот од објектот Сонце на градинката 25 Мај во Ченто.

Во рамките на градежните работи ќе се изврши комплетно уредување на дворот со павер елементи; ќе се реконструираат терасите од објектот; ќе се постави нова ограда; ќе се постават нови влезни врати на објектот и хортикултно ќе се уреди целиот простор.

Инвестиција во овој проект изнесува околу 7.500.000 денари.

-Со реализација на овој проект, објектот Сонце добива нов урбан лик. Како локална самоуправа покрај инвестициите во општинските основни училишта, реализираме проекти и во детските градинки.Честитки до директорката на градинката Марина Анѓелкова Арсова и сите вработени во градинката 25 Мај за посветеноста во работата и грижата за сите клонови кои се составен дел од градинката.Реализацијата на проекти во детските градинки на нашата територија ќе продолжи и во следниот период, вели Стефковски.