Борис Георгиевски и СДСМ не водат сметка за здравјето на граѓаните и заштита на животната средина. Георгиевски сака да гради фабрика за обработка и согорување на хемиски отпад на територијата на општина Гази Баба, вели Бобан Стефковски, претседател на ОК Гази Баба.

– Градење на фабрика за горење на хемиски отпад е спротивно на интересот на граѓаните и животната средина. Загаденост на воздухот во општината е највисоко ниво во Скопје и воопшто на територија на цела Република Македонија, а фабриката за согорување на хемиски отпад дополнително ќе го влоши квалитетот на воздухот. За оваа намена Георгиевски на површина од 230.000м2 на потегот од Железара па се до обиколницата планира донесување на три урбанистички проекти со намена постројки за термички, физичко – хемиски и хемиски третман на отпад – вели Стефковски.

Според него, во општина Гази Баба веќе е сконцентрирана тешка индустрија, воздухот е енормно загаден и инсталирањето на нова постројка за третман на отпад сериозно ќе го влоши квалитетот на животот, не само на жителите на општина Гази Баба, туку и на градот Скопје.

Граѓаните на Гази Баба се против ваков проект, па логично се поставува прашањето зошто овој проект упорно се турка од страна на Георгиевски? Дали станува збор за лична корист или нешто друго?
ВМРО-ДПМНЕ го слуша гласот на народот и со сите демократски средства ќе се спротивставиме на секаков обид за горење на хемиски отпад, што ќе значи ризик по животот на граѓаните на општина Гази Баба – рече Стефковски.

Тој вели дека заштитата на здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина се приоритет за кои никогаш нема да правиме компромис и отстапки.

– Граѓаните на општина Гази Баба се соочуваат со голем број на проблеми и потреби, па затоа му порачувам на градоначалникот наместо да тера бизнис интереси, крајно време е да започне да реши барам еден од проблемите со кои се соочуваат граѓаните – вели Стефковски.