Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во текот на вчерашната новогодишна ноќ ги посети дежурните јавни служби во Полициската станица Гази Баба, Противпожарникарната бригада на Град Скопје и Пунктот на Брза помош во Ченто.
Ова е за прв пат, градоначалник на општина Гази Баба на новогодишната ноќ да оди во посета на јавните служби.
За посетата, градоначалникот Стефковски информираше во објава на својата официјална страна на фејзбук на која напиша:
Наша должност е секогаш да работиме во интерес на граѓаните и да создаваме услови за заштита на нашите граѓани.
Доцна вечерва бев во посета на јавните служби кои имаат свое дежурство за новогодишната ноќ.
Ги посетив Полициската станица од општа надлежност Гази Баба, Противпожарната бригада на Град Скопје во Автокоманда и Станицата на Брза Помош во Ченто.
Додека сите прославуваат, тие се грижат за нашето здравје и нашата безбедност.
Им се заблагодарив на вработените кои се на дежурната служба за нивната посветеност и пожртвуваност во работата.
Посакувам да имаме мирна новогодишна ноќ! – напиша Стефковски.