Инспекциските служби на општина Гази Баба денеска со асистенција на Министерството за внатрешни работи извршија рушење на безправно изграден деловен објект во населеното место Инџиково.
-Никој не е над Законот. Нема да дозволам урбаната мафија да дивее низ општина Гази Баба. Компромис со спроведување на Законот, ниту сум правел, ниту ќе правам. Апелирам до граѓаните да се почитуваат Законите за да немаме вакви непријатни ситуации. Тука нема да застанеме, порача градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Градбата на овој деловен објект инспекциските служби на општина Гази Баба ја утврдија почетокот на месец август при што беше изречена мерка за затворање на градилиштето која лицето не ја почитуваше и продолжи со градба. Согласно Законските одредби, службите донесоа решение за отстранување на објектот кое денес беше извршено.