-Ја поздравуваме изјавата на ЕУ за Западен Балкан. Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија продолжуваат да ја покажуваат својата посветеност кон реформите. Клучно е вратите на ЕУ да останат отворени за нив”, наведе портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
Лидерите на ЕУ, со согласност на лидерите на Западен Балкан, на Самитот на лидери ЕУ-Западен Балкан усвоија Декларација која недвосмислено ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан и ја потврдува нивната посветеност кон процесот на проширување базиран на „кредибилни партнерски реформи“, нагласувајќи ја важноста за зајакнување на капацитетот за интеграција и апсорпција на новите членки од самата ЕУ.