Од највисоката институција за надворешна политика на САД, јасно нотираат прекршување на граѓанските права во случајот на Златев и на уште еден новинар.
– Владата ги гонеше новинарите во текот на годината за откривање на доверливи или класифицирани документи. На 4-ти март, скопскиот Кривичен суд го осуди новинарот Александар Митовски и го осуди на шест месеци условна казна затвор за откривање доверливи документи поврзани со кривичната истрага „Рекет“. Тој ја објави првата страница од изјавата на сведок на неговиот портал, „Инфомакс“, во август 2019 година. На 30-ти јули, ОЈО поднесе обвинение против Љупчо Златев, уредникот на финансиска новинска агенција „Лидер“, за откривање на класифицирани документи од Агенцијата за национална безбедност во два текста на порталот објавени во јули – пишува во извештајот на Стејт Департменот.
Инаку документите кои ги објави главниот уредник на нашиот медиум, говорат за злоупотреби во тајната служба, незаконско следење и отрстранување на вработен со фалсификувани белешки.
Линк до целиот извештај може да погледнете ТУКА.