Министерството за здравство информира дека попладнево стигна првата пратка од вакцината „Фајзер“, која тоа ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против Ковид 19.
-Станува збор за 10.530 дози од вакцината „Фајзер“, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација, информираат од Министерството за здравство.
Претходно, беше најавено дека втората пратка од „Фајзер“ со уште 10 илјади вакцини треба да пристигне на 26 април, со што нашата држава треба да добие вкупно околу 20.000 вакцини од овој производител.