-Но, договорот би бил можеби и дупло поевтин доколку имало нормално аукциско работење, доколку, можеби Петре Шилегов, како потписник на овој договор, не испратил порака за цената воопшто да не се дискутира на наддавањето? Сите да се комотни, нема трка. Наместо по 10, 11, 13 градежни фирми да се борат за 3 милиони евра тежок договор, колку што е платено за сиот зафат, се појавуваат само три конкуренти на аукција со понудена речиси иста цена, и потоа воопшто да не се натпреваруваат на аукција да се земе работата. Поднесувале тендерска документација за да не се тркаат да ја земат работата. И доаѓаме до договор потпишан од Петре Шилегов, на сума 160 милиони 765 илјади денари. Во договорот, според цените копање чини три пати повеќе, асфалтирање чини два пати повеќе, ивичњаци се речиси три пати поскапи, тампонирање чини цели три пати повеќе од пазарната вредност на терен, плаќана на други тендери, изјави Стоилковски.

Ама плаќа Петре од градскиот буџет. Шемата е јасна, постои претходен договор за кого е овој тендер наменет, пораката е пратена, тендерот се зема беа реална трка на пазарот, по нереални цени, а разликата се дели.

И тоа е ПРОФИТЕР. И така има градоначалници кои со административна плата кои што постигнале во просек по над 100.000 евра луксуз годишно. Од плата!

Е малку им било тоа што тендерот е дупло поскап, на овој договор има и АНЕКС договор. За истата работа којашто би можела да биде на пола поевтина. На тоа има Анекс договор потпишан исто од Петре Шилегов, на 300.000 евра. Непредвидени трошоци.

Аферата ПРОФИТЕР е огромна. Делени се пари од буџет во услови кога сета економија запре. Кога 60.000 останаа на улица. А градежни компании не се борат за тендери од 3 милиони евра распишани од Град Скопје.

Не се борат за работа за плата на вработените, ако вам не ви е чудно, не ми е ни мене.

Од разликата дебело се профитира, дури и кога разликата во цена е поделена.

Петре Шилегов за четири години го зголемува луксузот за речиси половина милион евра од административна плата.

Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов.