Стоилковски посочи дека власта на Заев и Спасовски поделила над 200 официјални македонски документи и патни исправи на босови на италијанската, црногорската, турската, српската, шпанската и која ли уште не мафија од регионот Европа и светот.
– Сето ова не би било возможно без знаење и амин на високи функционери од власта, бидејќи институционално биле злоупотребени лични податоци, матични броеви и имиња на македонски државјани, за да може криминалци да го крстарат светот. Да биде срамот за Македонија поголем, власта на Заев и Спасовски издавала вакви исправи и на лица членови на ИСИС со што сме го загрозиле светскиот безбедносен систем. Замислете терорист доаѓа во полициска станица и вади македонски документи и потоа оди низ светот и на боишта кај што гинат илјадници лица од нивните терористички активности, вели тој.
– Трето, но и најстрашно, државата ја претворија во нарко зона кај што личниот шофер на братучедот на Зоран Заев и командирот на полициска станица назначен од Спасовски, водат пратка со дрога вредна 800 илјади евра, од компанија која е во бизнис конекции со семејството Заеви. Македонија е уништена земја со уништен углед, без безбедносен систем каде се е ставено во спрега на криминалот спонзориран и заштитуван од власта. Прво оставки, а потоа и кривична одговорност на врвот на мафијата на власт, додаде Стоилковски.