– Режимот на мафијата во кој што припаѓа и МВР на Оливер Спасовски не издава пасоши за македонски граѓани. Почитувани, нема посрамна и посмешна, но и потрагична одлука од онаа измена на Законот за патни исправи на Спасовски и на Режимот за продолжување на важењето на пасошите! Тоа што Спасовски го гарантира дома, не значи дека важи во државите во светот! Одлуките на Спасовски и на режимот во Службен весник важат само до граница! Никој не може да гарантира дека на било кој граничен премин официјално лице на државата во која што македонски граѓанин ќе се обиде да влезе со истечен пасош, дека нема да има основа тоа лице да биде вратено назад. Никој не може да гарантира и дека доколку влезе, во било кој хотел, лице со македонски пасош кој е истечен, може тој пасош да не му биде земен предвид. Или истото да се случи во банка или било која институција, здравството, во странство каде треба да потврди идентитет, вели Стоилковски.
Тој додава дека уште повеќе, никој не може да гарантира дека при било каков случај на проверка на документи од службени лица, на пример сообраќајна полиција, пајак служба, за време на престој во странска држава, македонскиот граѓанин со истечен пасош нема да биде подложен на дополнителни стресови и можеби санкции, додека се објасни дека Оливер Спасовски и режимот во Македонија не издаваат нови, валидни пасоши и дека едноставно одлучиле старите пасоши да важат и натаму.
– Само споредено со македонското законодавство, доколку полицаец наиде на странец и тој е затекнат во Македонија со истечен патен документ, тоа се приведува во полициска станица заради потврдување на неговиот идентитетот! Почитувани, додека сета светска полиција трага по криминалци со македонски пасоши издадени од МВР на Оливер Спасовски, на македонските граѓани им е суспендирано правото за вадење на патни документи, суспендирано им е правото на поседување патна исправа. Патни исправи, пасоши, за македонски државјани во МВР- НЕМА. Ама затоа македонски пасоши имаат 214 белосветски мафијаши со потерници, за шефови на нарко-картели од Србија, Албанија, од Црна Гора. Имало пасоши за мафијаши и извршители од Јужна Америка до далечниот исток, имало пасоши за терористи, за клановите од Италија и Мексико. Ама пасоши нема за македонски државјани! Почитувани, ова е само уште еден пример за тоа дека македонските граѓани кои што не се дел од шемите на мафијата, за нив се граѓани од втор ред, вели Стоилковски.