Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Стоилковски:
-Ова е документ со којшто МВР веќе две недели се подготвува за долга и тешка енергетска и економска кризна состојба! И план којшто нема да заврши на 9 декември кога истекува кризната состојба во Македонија воведена заради енергетската криза. Бидејќи таа очигледно нема да заврши.
Планот што го држам во рака, јасно укажува колкава е вистинската енергетската криза, дека состојбата е катастрофална и дека СДСМ/ДУИ немаат стратегија за излез од неа. Напротив, овој план укажува на драматични долгорочни состојби со вознемиреност кај граѓаните и план кој предвидува нарушување на јавен ред и мир.
СДМ/ДУИ ја сокриваат вистината. Овој план укажува дека кризната состојба не е воведена на кус рок за „вбризгување на финансиски средства во енергетските компании со цел да се стабилизира состојбата на пазарот на електрична енергија“ и дека тоа не ги надминува последиците. Зар за така кус рок – од 16 ноември кога е влезен во сила овој документ до 9 декември кога завршува кризната состојба, за само две недели, МВР изработува план за набавка дрва за греење и агрегати за струја за секоја станица или објект?
Планот укажува дека СДСМ/ДУИ се подготвуваат за долги рестрикции на струја, односно власта крие дека, го цитирам министерот Бектеши „не се предвидени рестриктивни мерки“.
Почитувани, наместо да се преземат конкретни чекори за излез од кризата, наместо да се преземат мерки за одговорност за ваквата состојба, СДСМ/ДУИ планираат воведување на рестрикции и притоа вистинска состојба на полициска држава со следење, блокирање, забрани за движење.
СДСМ се најодговорни за ваквата состојба, економомска енергетска криза, поскапување кое и СДСМ/ДУИ не може да бидат дел од решението, посочи Стоилковски.