Тој напиша:

-Шилегов пак нека го извади телефонот за да види дека во моментов кај Ректорат и Лисиче во Скопје има загаденост.

Бидејќи наместо тој да се „мршти“ токму вака изгледаат скопјани кои што се гушат во смог на +40!

Овие црвени кругови се актуелна ситуација од Тиме.мк; доле се податоците за Скопје од Министерството за животна средина. На среде е Петре во улога на промотор на „Лажни вести“.

Иако приоритет на Петрета му е да се расправа со новинарски екипи, можеби треба да земе пример од Златко Марин и да си зголеми буџет за „најпаметен“ телефон, со точни податоци?

Или можеби податоците му се останати од викендицата на Мавровка?

Смена е најмалку што ќе ве снајде!

СДСМ е најлошото во Скопје,

СДСМ е најлошото за секоја општина во Македонија!, стои во неговиот пост на Фејсбук.