Стојко Стојков од ОМО Илинден-Пирин излезе со првична реакција за затворањето на клубот „Никола Вапцаров“. Неговото незадоволство доаѓа откако Советот на Општина Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет.

Се уште не сме ја добиле ништо од Општината. Сигурно ќе се жалиме на оваа одлука. Прво во Бугарија а потоа и во Стразбур-вели Стојков за „Република“.

Образоложението на Советот на Благоеврад е дека нема да се дозволи „општината да биде центар на слични провокации.“

Македонските здруженија во Бугарија веќе имаат добиено над 10 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур но властите во Софија не ги почитуваат.