Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а ќе има средба и со косовскиот премиер Албин Курти.

Столенберг кажа дека ќе ја набљудува ситуацијата на Косово, каде што беше напнато во претходните недели.

– Ако биде загрозена стабилноста, тогаш подготвени сме да интервенираме и да ја обезбедиме стабилноста и безбедноста на сите лица на северно Косово, кажа Столтенберг.