Столтенберг во изминатите месеци повеќепати ѝ понуди на Москва да го продолжи дијалогот во рамките на Советот НАТО-Русија, кој беше формиран во 2002 година како платформа за развој на соработка и координација.
Во изминатите седум години, Северноатлантската алијанса постојано ја осудуваше руската анексија на полуостровот Крим во март 2014 година и бараше почитување на територијалниот суверенитет на Украина.
Русија и Западот меѓусебно се обвинуваат за провокации со зајакнување на воените капацитети на заедничките граници.