Започна мини турнејата низ Балканот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг каде на агендата е и нашата држава.
Тој утре доаѓа во Скопје, а оваа турнеја на почна со најчувствителните точки на Балканот. Преку Босна и Херцеговина и Косово првиот човек на НАТО на регионот претстави план како Алијансата да се однесува во случај на несакани ситуации.
Веќе ги имаме првите коментари од Столтенберг, а тој вели дека е загрижен за руското влиајние овде. Од Сараево упати порака до сите босански политичари да го зачуваат единството на државата.
„Загрижени сме поради сецесионистичката поделба и реторика, како и надворешното влијание, особено влијанието на Русија. Ова се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги ослабне реформите. Сите лидери мора да работат на единство и напредок“, изјави Столтенберг.
За оваа посета на Столтенберг на Македонија со коментар се јавија и стручните лица во областа на дипломатијата.
„Се работи за јужното крило. Се работи за една ако ја гледаме матичната структура на НАТО за места коишто се многу блиску до настаните на источното и на јужното крило и во кои се можни евентуални искричења. И затоа подобро е НАТО навреме да биде подготвено. И генералниот секретар тоа и го прави да ги запознае со сериозноста и веројатно и со некои наоѓања за кои јавноста не знае, со кои НАТО службите располагаат. Овие земји сите се малечки и немаат сопствени капацитети за самите имаат доволно податоци за да заземаат правилни ставови за овие настани и во Израел и во Украина“, смета амбасадорот Ѓорги Филипов.
Во Скопје пак, првиот човек на НАТО, според неговата агенда ќе има средби со целиот државен врв, претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и спикерот Џафери
По Сараево и Приштина, Столтенберг ќе го посети Белград, а потоа доаѓа во Скопје на средба со државниот врв. Генсекот на Алијансата ќе се обрати и во македонското Собрание, по што ќе се одржи неформален состанок на сојузниците од регионов.
Во среда Столтенберг ќе одржи заедничка прес конференција со премиерот Ковачевски, со хрватскиот претседател и премиерите на Словенија, Црна Гора и Албанија.