Сојузот на стопански комори (ССК) пред неколку дена поднесе барање до грчките власти за одложување на имплементацијата на новиот ЕЕС систем во текот на летниот период, со цел да се избегнат гужвите и долгите чекања на граничните премини во екот на туристичката сезона.
Барањето е мотивирано од очекуваниот наплив на туристи од Македонија и Србија, кои во летните месеци во голем број патуваат кон Грција.
„Ако Грција не се согласи на одложување, тогаш во најдобар случај ќе има по десетици часови чекање на граница“, изјави Керим, потенцирајќи дека ваквата ситуација може значително да го отежни патувањето во текот на летото.
Од бизнис секторот предупредуваат дека евентуалната имплементација на системот во шпицот на сезоната би можела да предизвика дополнителен притисок врз граничните премини и негативно да се одрази врз туристичките текови.
Се очекува одговор од грчка страна во наредниот период, со оглед на тоа што прашањето директно ги засега илјадници патници од регионот.
