Власта сакаше за 200.000 евра да ја распродаде Славија која чини над 20 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста ја спречија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека само управната зграда на Славија со земјиштето под и околу неа има вредност од над 9 милиони евра, магацините во Кисела Вода имаат вредност од над 4 милиони евра.
– Бројните деловни простори и магацини од околу 6 милиони евра. И сето ова некој близок до власта требаше да го земе за 200.000 евра. Брзата реакција на ВМРО-ДПМНЕ и гласот на народот го спречи овој грабеж. Власта уплашена дека е фатена во правење на матна бизнис зделка за која мора да има одговорност во паника запре, се вели во партиското соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ додава дека нема да дозволи власта да распродава по багатела, а народот да страда.