На 01.06.2022 во 17:15 часот во Полициската станица Петровец било пријавено дека во касарна во општина Петровец починал Ѓ.В.Т.(50) од Република Романија, кој работел во фирма која извршувала дејност во Македонија.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.