Триесет и осум годишен стружанец вчера бил примен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ откако, според пријавеното, додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што биле ставени наркотични средства.

Случајот во Полициска станица Центар го пријавиле од Клиничкиот центар.

Жената била повикана во Полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. (38) за да го види своето дете, но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи.

Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.