– Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека со „големо жалење“ ја прифатил оставката на неговиот заменик Доминик Раб, откако Раб ја напушти Владата по завршувањето на истрагата за наводите дека малтретирал колеги.
„Со големо жалење ја прифатив вашата оставка. Но, јасно е дека имаше пропусти во историскиот процес што негативно влијаеше на сите вклучени. Од ова треба да научиме како подобро да се справиме со ваквите прашања во иднина“, рече Сунак. пренесува Твитер.
Повеќемесечната истрага за однесувањето на Раб беше спроведена врз основа на сведочењето на повеќе владини претставници за поплаки за малтретирање во три различни министерства.