Мери Амбросова попозната како “Моја Фитнес мама” е Македонка на која веќе неколку години дом ѝ е Украина, поради сопругот Украинец.
Сега таа сама со автомобил и со својата ќерка Марта се обидува да излезе од Украина и да дојде кон Македонија.
Мери е фитнес тренер кој што се занимава со уникални фитнес програми и има свои курсеви за женска енергија како и курсеви за бремени жени како и програми за жени после породување.
Таа на својот инстаграм профил им се обрати на своите следбеници и рече дека е добро и дека се движат кон граница. Таа се надева дека ќе ја пуштат неа и нејзината ќерка да ја напуштат земјата.
Јас патувам моментално и се вклучив со обраќање во живо на Инстаграм за да изгубам време затоа што Украина е огромна и само да ја превозиме треба 10 часа и знаете дека затворени се и границите.
Да се надеваме дека мене како странец ќе ме пуштат и дека на мојата ќерка Марта ќе ѝ дадат исто така дозвола да премине. Сопругот останува тука. Добри сме. Тука сите се истревожени.
Никој не очекуваше. Толку мирен народ и сето ова им се случува, јас сум во шок. Првпат во живот да почувствувам такви емоции.
Сите руски блогери изигруваат дека сè е во ред, никој не се побуни против ова што се прави. Буквално сите курсеви што се руски се поддржани од Украинци и никогаш немало ништо против Русите и ова е трагично што му се прави на овој народ.
До последно они беа за мир и сè да се реши по мирен пат, но ете тоа е. Благодарам на поддршката, не можам да ви вратам на сите во инбокс.
Киев беше блокиран, сега едвај излеговме на автопат, тука се невидени гужви. Кај луѓето има паника дека нема да имаат ниту за храна, ниту за бензин. Имам уште 10 часа пат до граница, воопшто не ни знам дали ќе успеам да поминам дали не.
Мене ми се понуди помош за да излезам и тргнав кон Скопје. Благодарна сум за таа помош, инаку јас буквално немаше да знам што да правам…“