Судот му изрече итна мерка за отстранување од домот

Шеесет и едногодишен жител на Куманово доби кривична пријава откако подолг период ѝ се заканувал на својата снаа и вршел психичко насилство во семејниот дом.

Од МВР соопштија дека СВР Куманово поднело пријава против Н.Л. поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Според пријавата, тој живеел во иста куќа со снаата С.Л. и постојано ѝ упатувал закани дека ќе ја убие неа и останатите членови на семејството.

Последниот случај бил регистриран на 18 мај околу 16 часот, кога повторно ѝ се заканил во семејниот дом.

По предлог на СВР Куманово, Основен суд Куманово донел решение за итна мерка за отстранување од домот во траење од 30 дена.