На 31.10.2026 во 11:58 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје, пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје била физички нападната од нејзината снаа М.М., која и упатувала закани и агресивно се однесувала, информира МВР.

Според пријавеното, пријавителката ѝ претходно била психички и физички малтретирана од нејзината снаа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.