Миа Тодорова (-65 кг) го освои сребрениот медал на Светскиот кик бокс куп во Будимпешта, Унгарија, во лоу кик, откако во финалето беше поразена од Србинката Валентина Кери.
Тодорова е префрлена да се бори во сениорска конкуренција бидејќи им се откажала противничката, а за да има повќе борби како подготовка за Европското јуниорско првенство во Будва за месец ипол.
Исмаил Туркер се закити со бронза на Светскиот куп во кик бокс што се одржува во Будимпешта, Унгарија. Ова е вкупно четврти медал за македонските кикбоксери – 1 сребрен и 3 бронзени.
Иван Кукуновски е поразен од претставникот на Грција во лајт кик.
Да потсетиме вчера Филип Ризов и Иле Леков во полуфиналето беа поразени, па така освоија бронзени медали. Сепак, вели селекторот Дејан Митровски, и двајцата одлично се избориле.