Околу 100 луѓе загинаа во одронот што го погоди селото Каокалам на северот на Папуа Нова Гвинеја, соопшти денеска Австралиската радиодифузна корпорација (АБЦ). На фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како мештаните се искачуваат над огромниот куп камења и земја и ја проценуваат штетата.
ABC јавува дека свлечиштето се случило околу 3 часот по полноќ и дека спасувачките служби и локалните жители ги извлекуваат телата. Ројтерс не може независно да го потврди бројот на загинати.
„Изгледа дека се затрупани повеќе од 100 куќи. Не знаеме колку луѓе имало во нив во моментот“, изјави за АФП Винсент Пјати, претседател на локалното Здружение за развој на заедницата.