Комитетот заклучил дека податоците „не укажуваат на било какво глобално зголемување на состојбите како длабока венска тромбоза или белодробни емоболии по примањето на вакцината против ковид-19.
Освен тоа, забележано е да луѓето природно развиваат згутчување на крвта, а дека ковид-19 исто така може да ги предизвика. Се додава дека набудуваните стапки на ваквите примери се всушност пониски од очекуваните.
Само затоа што кај некој е утврдено присуство на згрутчување на крвта и што е неодамна вакциниран, не значи дека вакцината ја предизвикала појават на таквите згрутчувања на крвта, изјавија од комитетот, додавајќи дека „сè уште не е утврдена каузална врска помеѓу овие ретки појави“.