СЗО започна истрага во јануари за да го открие изворот на пандемијата, а сега велат дека се работи за фарми на диви животни. Многу од фармите се лоцирани во провинцијата Јунан. Оттаму препродавачите набавуваат диви животни за пазарот на морска храна Хуанан во Вухан. Питер Дазак, еколог од тимот на СЗО, за сајтот НПР го раскажа своето искуство во оваа мисија да го бара изворот на пандемијата и рече дека некои од овие диви животни може да биле заразени со вирусот САРС-КоВ-2, и дека тие го зеле вирусот од лилјаците. Мисијата започна во јануари, по серијата теории на заговор што се раширија низ целиот свет. Една од нив беше дека вирусот некако избегал од лабораторијата во Вухан, а СЗО го отфрли тоа сценарио минатиот месец, бидејќи нема докази за тоа.
Научниците се согласуваат дека вирусот циркулирал во лилјаци, а потоа „скокал“ врз луѓето преку посредници, најверојатно преку диви животни кои биле продавани на пазарот. Досега во светот има повеќе од 122 милиони потврдени случаи на коронавирусот. САД, Бразил, Индија, и Русија имаат најмногу случаи.