-Немојте да мислите дека пандемијата е готова. Пандемијата ќе престане само кога ќе се вакцинираат најмалку 70 проценти од населението, изјави Клуге во Копенхаген, изразувајќи жалење за „се уште пребавната вакцинација”, вклучувајќи ја тука и Европа.
На 53 територии, колку што европскиот регион има според стандардите на СЗО, само 26 проценти од населението примило прва доза од вакцината.
Француските медиуми пренесуваат дека во Европската унија 36,6 проценти од населението примило барем една доза од вакцината, а 16,9 проценти се целосно ревакцинирани.
Причина за загриженост на Стариот континент е зголемената инфективност од новите видови.
-Ние знаеме, на пример, дека верзијата Б.1617 (првпат откриена во Индија) е позаразна од Б.117 (прва откриена во Велика Британија), што, пак, е позаразна од претходниот сој, изјави белгискиот лекар.
Таканаречената индиска верзија е присутна во 27 од 53 земји во оваа област, каде што бројот на нови инфекции и смртни случаи опаѓа петта недела по ред, достигнувајќи го најниското ниво од средината на октомври.