Ставот на СЗО за засилувачи се заснова на научни докази, рече таа.

– Постојат и морални и етички аспекти на ова прашање. Научните докази сè уште не се конечни. На некои популации можеби им требаат засилувачки дози, но ние не сме подготвени да ги препорачаме во овој момент, рече Сваминанатан.

 

– Покрај тоа, немаме неограничени резерви, додаде експертот.

 

– Ова значи дека сега мора да се испратат вакцини прво до оние на кои им се потребни. Не треба да се дозволи секој ден од коронавирус да умираат 10.000 луѓе. Затоа повикуваме на привремен мораториум за засилувачите, така што до крајот на септември да бидат вакцинирани 10 проценти од населението во секоја земја и 40 отсто до крајот на годината, рече Сваминанатан.

За ова време, веќе ќе можат да се добијат и поточни податоци за засилувачите, истакна таа.