Наш избор за Лидер на неделата е македонскиот таеквондист и освојувач на А-норма за Летните олимписки игри во Токио, Дејан Георгиевски, со кој во ова издание на Радио Лидер говоревме за големиот успех, но и за подготовките за најголемото спортско натпреварување во светот.

Со Георгиевски разговаравме и за големата чест и привилегија што ја носи изборот тој да биде знаменосец на Македонија во Токио, но и за многуте откажувања и напорната работа за да се стигне до големиот успех.