– Условите за признавање на нашата влада, предложени од меѓународната заедница, се неприфатливи и го кршат меѓународното право, истакна Муџахид.

Тој нагласи дека талибанците „се обидуваат да воспостават блиски дипломатски односи со други земји врз основа на меѓусебно почитување“, додавајќи дека радикалното движење „ги повикува ОН да најдат заеднички јазик за дипломатска соработка“.

Според него, „признавањето на новата влада е право за нив и за целиот авганистански народ“.

Муџахид, исто така, нагласи дека „загриженоста, изразена од меѓународната заедница за новата авганистанска влада, е решлива“