Притоа, во 00.30 часот во угостителски објект во с.Горно Седларце, тетовско, биле приведени А.К.(34) и Е.К.(37), двајцата од Република Албанија, поради илегален престој во Република Македонија и неносење на дозвола за престој. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 01.50 часот, пак, во угостителски објект во с.Жеровјане, тетовско, од слобода биле лишени четири странски државјанки – К.И.(29) од Република Бугарија, Д.К.(32) од Република Србија, А.Х.(24) од Русија и М.Н.(26) од Република Србија, затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.