Таткото на Фросина, Тодор Кулаков си силни осуди против политиките манипулации на  „Кој е следен“. Тој во својата објава на Фејсбук нагласи дека нема да дозволи нивната семејна трагедија да се користи за политички цели.

Кулаков потенцираше дека ваквите манипулации се продолжение на веќе растурениот општествен систем на вредности. Тој ги нарече иницијаторите на кампањата „политички глодари“ и „политички некрофили“.

Најави дека семејството ќе преземе конкретни чекори за институционално санкционирање на ваквите злоупотреби и манипулации.

„Политички глодари, политички некрофили… И дното е пробиено… Како семејство секогаш најостро ќе реагираме кога некој ќе се обиде да ја искористи нашата тага и смртта на детето ангел – Фросинче. Исто така ќе бараме начин како институционално да преземат одговорно однесување и да одговараат за вакви злодела и манипулации“, напиша Кулаков.

Објавата на таткото на Фросина предизвика силна поддршка и бројни реакции на социјалните мрежи.

 

 

 

Извор: Republika