Со длабока тага и болка ја примивме веста дека нè напушти Рамуш Муарам – Цирко долгогодишен активист, хуморист, новинар и публицист, објави Рома Прес.

Загубивме силен глас, човек со храброст, дух и вистина во секој збор. Неговото дело и посветеност ќе останат засекогаш врежани во нашата заедница.

-Ќе ни недостасува, но никогаш нема да биде заборавен, пишуваат од Рома Прес.