Тековната година е на пат да стане најжешката во историјата, објави службата за климатски промени на Европската унија Коперник, објавија медиумите.
Најтоплиот септември на глобално ниво дојде оваа година по летото со рекордно високи температури, објави Коперник, пренесува Ројтерс.
Температурите во септември беа за половина степен повисоки од претходниот најтопол септември во историјата и речиси еден степен потопли од просекот за септември помеѓу 1991 и 2020 година.
„Невидени температури за овој период од годината беа забележани во септември по рекордно топло лето“, потврди Британката Саманта Бургис, заменик директор на Службата за климатски промени Коперник.
Температурите во текот на 2023 година сега се на пат да бидат 1,4 степени Целзиусови над просечните температури од прединдустрискиот период, рече Бурџис.