Претседателот Стево Пендаровски денеска телефонски разговарал со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за Западен Балкан, со кој размениле мислења за актуелните безбедносни предизвици во регионот, но и за штетните последици од високата корупција и организираниот криминал врз економскиот и демократскиот развој на регионот.

Како што информира кабинетот на претседателот, честитајќи му за назначувањето на функцијата, Пендаровски оценил дека именувањето на специјален претставник за Западен Балкан од страна на премиерот Борис Џонсон е јасна потврда за посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Специјалниот претставник Пич во разговорот најавил скорешна посета на Република Македонија.