Тепачка во авион на скопскиот аеродром
МВР информира дека вчера попладне во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир.
Физичка пресметка меѓу две личности
Според информациите имало физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с. Лопате, кумановско, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Извор: Фокус
