Тешка сообраќајна и огнена несреќа се случи во населба во египетската престолнина Каиро, оставајќи зад себе десетици настрадани лица.

По експлозијата на цистерната веднаш избувнал огромен пожар, кој брзо се проширил и зафатил голем број околни моторни возила. На самото место на несреќата биле итно испратени 39 амбулантни возила, а сите повредени лица биле транспортирани во три различни болници за укажување лекарска помош. Според официјалните податоци од јавното обвинителство, во огнената стихија целосно биле уништени 27 возила, меѓу кои патнички автомобили и мотоцикли.

Надлежните институции веќе отворија опсежна истрага со цел прецизно утврдување на сите причини за настанување на несреќата. Истовремено се врши идентификација на настраданите, додека египетската Црвена полумесечина испрати специјализирани тимови за итна помош на теренот.