Тешка сообраќајка се случи вечерва во населбата Аеродром. Како што забележа екипата на „Лидер“ која е на терен до несреќата дошло откако мотоциклистот се судрил директно во возило на раскрсницата кај маркетот „Веро.

Мотоциклистот загина на лице место а возачот од возилото беше однесен во болница со Итната помош која пристигна набрзо.

Полицијата се уште врши увид а очевидците велат дека мотоцилистот се судрил по расправија со девојка во една од околните кафеани.
