На 31.07.2023 во 18:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Mакедонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(24) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од малолетник од Скопје.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.